Езера во Р.Македонија
Monday, February 28, 2011
Sunday, February 20, 2011
Дојранско Езеро
Дојранското Езеро (грчки: Λίμνη Δοϊράνη Лими Дои́рани), (лими́ Дои́рани) е најмалото тектонско езеро во Република Македонија. Се наоѓа во нејзиниот југоисточен дел, заземајќи површина од 43,1 km². Западниот, поголемиот дел (27,3 km²) и припаѓа на Република Македонија а источниот, помалиот (15,8 km²) на Грција.
Дојранското Езеро е еутрофно езеро, заради големата продукција на органска материја. Животинскиот свет е претставен од без'рбетници (праживотни-едноклеточни животни, сунгери, црви, мекотели, членконоги, инсекти и др), како и претставници од 'рбетниците (риби, водоземци,влекачи, птици и цицачи). Во Дојранското Езеро регистрирани се 12 фаунистички ендемити. Од 15 видови риби, 1 вид претставува локален ендемит. Некои без'рбетници (посебно вилинските коњчиња) и неколку видови птици, се наоѓаат на листата на CORINE. Дојранското Езеро е познато по традиционалниот начин на ловење риби со помош на птици во огради од трска, т.н. мандри.
Нивото на езерото е на надморска висина од 148 метри. Тоа е плитко езеро, со најголема длабочина од 10 m и просечна длабочина од 6,7 m.[1]. Дојранското Езеро е создадено во неогено-квартерниот период и има тектонско-вулканско потекло. Всушност, тоа е реликтен остаток од некогашното плеистоценско Пеонско Езеро, коешто зафаќало површина од околу 127 km².

Преспанско Езеро
Преспанското Езеро е езеро кое го делат три држави - Македонија (најголем дел), Грција и Албанија. Во рамките на Македонија, тоа се наоѓа во југозападниот дел од земјата.
Кога сакаме да зборуваме за Прспанското Езеро, мораме да појдеме од котлината затоа што е тоа продукт на природните случувања во неа и нејзин составен дел.Преспанската котлина се наоѓа во западниот дел на етничка Македонија, а после делбите во 1912/13 год., на крајниот југозападен дел на Реублика Македонија. Делбите почнале на карта 1912 год., а практично на терен завршиле во 1924 год.. Така сега од vкупната површина на хидролошкиот слив на Преспанска Котлина 1350,00 km² припаѓа на:
- Република Македонија дел со површина од 761,6 km², или 56,42 %
- Република Грција дел со површина од 321,6 km²,или 23,82%
- Република Албанија дел со површина од 266,8 km²,или 19,76%
Охридско Езеро
Охридското Езеро е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија и веројатно од биолошки аспект најзначајниот стагнантен воденекосистем во Европа. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина. Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО[1]. Светската важност на езерото се потврдува во 2010 г. кога НАСА и Меѓународната астрономска унија решаваат едно од езерата на Урановатамесечина Титан да го носи името „Охридско Езеро.
Езерото покрива површина од 358,2 km² и се протега во должина од 30,8 km, а најголемата широчина изнесува 14,8 km. Должината на брегот изнесува 87,5km. Неговата длабочина достигнува до 289 m. Вкупниот волумен на езерото изнесува 58,6 km3. Езерото е сместено во длабока и затворена котлина, на исток ограничена со планината Галичица (1945 m), а на запад со Јабланица (2257 m).
Се наоѓа на надморска височина од 695 метри. Во сливот на Охридското Езеро припаѓаат 40 реки, од кои 23 наалбанска и 17 на македонска територија.
Subscribe to:
Posts (Atom)