Sunday, February 20, 2011

Дојранско Езеро

Дојранското Езеро (грчкиΛίμνη Δοϊράνη Лими Дои́рани), (лими́ Дои́рани) е најмалото тектонско езеро во Република Македонија. Се наоѓа во нејзиниот југоисточен дел, заземајќи површина од 43,1 km². Западниот, поголемиот дел (27,3 km²) и припаѓа на Република Македонија а источниот, помалиот (15,8 km²) на Грција.








Дојранското Езеро е еутрофно езеро, заради големата продукција на органска материја. Животинскиот свет е претставен од без'рбетници (праживотни-едноклеточни животни, сунгерицрвимекотеличленконогиинсекти и др), како и претставници од 'рбетниците (рибиводоземци,влекачиптици и цицачи). Во Дојранското Езеро регистрирани се 12 фаунистички ендемити. Од 15 видови риби, 1 вид претставува локален ендемит. Некои без'рбетници (посебно вилинските коњчиња) и неколку видови птици, се наоѓаат на листата на CORINE. Дојранското Езеро е познато по традиционалниот начин на ловење риби со помош на птици во огради од трска, т.н. мандри.
Нивото на езерото е на надморска висина од 148 метри. Тоа е плитко езеро, со најголема длабочина од 10 m и просечна длабочина од 6,7 m.[1]. Дојранското Езеро е создадено во неогено-квартерниот период и има тектонско-вулканско потекло. Всушност, тоа е реликтен остаток од некогашното плеистоценско Пеонско Езеро, коешто зафаќало површина од околу 127 km².

No comments:

Post a Comment